Индустрикото прозиводство во јули намалено за 6,9 отсто

Bez autora
Aug 29 2012

Индексот на индустриското производство во јули 2012 во однос на истиот месец лани бележи намалување од 6,9 отсто. Со ова продолжи падот на индустриското производство во македонија 11 месец по ред, откако за последен пат во август минатата година беше евидентиран пораст на производството. Кумулативно до почетокот на годината, индексот на индустриско производство бележи идентичен пад од 6,9 отсто во однос на периодот јануари - јули 2011 година. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули, во однос на јули 2011 година, бележи пораст од 4,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од десет отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18 отсто.

Индустрикото прозиводство во јули намалено за 6,9 отстоИндексот на индустриското производство во јули 2012 во однос на истиот месец лани бележи намалување од 6,9 отсто, објави во средата Државниот завод за статистика.

Со ова продолжи падот на индустриското производство во македонија 11 месец по ред, откако за последен пат во август минатата година беше евидентиран пораст на производството.

Кумулативно до почетокот на годината, индексот на индустриско производство бележи идентичен пад од 6,9 отсто во однос на периодот јануари - јули 2011 година.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули, во однос на јули 2011 година, бележи пораст од 4,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од десет отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јули на годишно ниво бележи опаѓање кај Енергија за 14,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,6 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 45,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5 отсто, додека бележи пораст кај Капитални производи за 24,1 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik